Индексот на индустриското производство во Македонија во декември 2011 година забележа намалување од 4,8 отсто во споредба со истиот месец претходната година. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2011 година, бележи пораст од 13,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 3,8 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 15,3 отсто. Според главните индустриски групи, производството во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, бележи пораст кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 13,6 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 10,8 отсто, Капитални производи за 12,7 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2 отсто.
Индексот на индустриското производство во Македонија во декември 2011 година забележа намалување од 4,8 отсто во споредба со истиот месец претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2011 година, бележи пораст од 13,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 3,8 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 15,3 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, бележи пораст кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 13,6 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 10,8 отсто, Капитални производи за 12,7 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2 отсто.
Индексот на индустриското производство за цела 2011 година, во однос на претходната година се зголемил 3,3 отсто.